14.01.2021

Нашите најдобри кошаркарки ќе играат во два различни термини на турнирот во главниот град на Летонија

ФИБА ги одреди термините за февруарскиот „балон“ во Рига

Нашата женска сениорска репрезентација ја чека третиот и последен квалификацискиот турнир за ЕП 2021 година кој ќе биде реализиран во периодот од 4. до 6. февруари во Рига.

А на дваесетина дена пред официјалниот старт на турнирот, познати се и термините на одигрување на натпреварите од „И“ групата во т.н. „балон“ во главниот град на Летонија.

Првиот натпревар на собирот во Рига, на 4. февруари, против селекцијата на Летонија, избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ ќе го одиграат од 18.45 часот.

Вториот е закажан нешто порано, односно во 15.30 часот, а ќе разигруваат Германија и Хрватска.

Нашите девојки ќе играат во раниот термин, 15.30 часот, на вториот натпреварувачки ден, на 6.февруари, во кој за противник ја имаме селекцијата на Хрватска, додека турнирот во Рига ќе биде затворен со средбата Летонија-Германија која стартува во 18.45 часот.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2021

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4. ФЕВРУАРИ

15.30: Германија – Хрватска

18.45: Летонија – МАКЕДОНИЈА

6. ФЕВРУАРИ

15.30: МАКЕДОНИЈА – Хрватска

18.45: Летонија - Германија