12.05.2021

Домаќините на балоните ќе бидат познати за еден месец

ФИБА го дефинира распоредот на натпревари за балонот за светските претквалификации

На вчерашниот состанок на Бордот на ФИБА, покрај одлуката претквалификациите за Светското првенство закажано за 2023 година да се одиграат во балон-систем, одреден е и распоредот по кој ќе се одиграат натпреварите.

Нашите момци од сениорскиот репрезентативен состав, во рамки на групата Ф ќе се пресметаат против Швајцарија и Словачка, од 12. до 18. август.

За сега не се одредени домаќините-организатори на балоните. Таа одлука ФИБА ќе ја донесе и објави во периодот од 7.-11. јуни 2021 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

12.08.2021 (четврток)
Македонија - Швајцарија

14.08.2021 (сабота)
Словачка – Македонија

16.08.2021 (понеделник)
Швајцарија – Македонија

18.08.2021 (среда)
Македонија - Словачка