11.11.2020

Најмногу случаи за решавање од страна на БАТ, има кон клубовите од Турција, дури 333

ФИБА го објави „Интернационалниот кошаркарски миграциски извештај 2020“

Светската кошаркарска федерација го објави најновото истражување насловено како „Интернационален миграциски извештај за 2020 година“.

А во него едно доста интересно истражување, реализирано со помош на спортската опсерваторија CIES,  кое вели дека во оваа календарска година, најмногу пријавени случаи на неплаќање од страна на клубовите кон вработените лица, во преден план играчите и тренерите, се забележани во Турција.

Во овој момент има точно 333. отворени случаи кои се доставени до Арбитражниот спортски суд, попознат како БАТ. Далеку поназад се уште две европски кошаркарски велесили, Италија во која има 141, и Грција со 107 тужбени барања.

Првата „петорка“ според деветтото истражување на CIES, ја затвораат Русија со 79, и изненадувачки, Србија, со 72 нерешени ситуации поврзани со договорните меѓусебни обврски на релација клуб-играч/тренер.

На оваа нималку посакува листа следуваат Полска, со 66.случаи пред БАТ, потоа Шанија со 44, Кина 42 Либан и Литванија со 28, Косово со 14, и Босна и Херцеговина каде се водат четири случаи пред Арбитражниот спортски суд.