09.04.2020

ФИБА ГО ОДЛОЖИ ЕВРОБАСКЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА, КАЛЕНДАРОТ ЗА ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТ

Извршниот комитет на ФИБА се состана денеска преку видео конференција на вонредна средба во врска со влијанието на тековната пандемија COVID-19 на календарот на ФИБА.

 

На состанокот, Централниот одбор ја потврди суспензијата на сите натпревари во ФИБА, што се случи на 13 март, а исто така го назначи Извршниот комитет на ФИБА да направи какви било неопходни прилагодувања на календарот на ФИБА, првично одобрен од Централниот одбор во 2015 година, а по промената на датумите на Олимписките игри во Токио.

Минатата недела ФИБА ја поздрави потврдата за ревидираниот датум за ОИ во Токио 2020 година, односно 23 јули - 8 август 2021 година, и се заблагодари на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за соработката и навремено решавање на оваа комплексна ситуација.

По внимателна анализа на можните сценарија и по препораките на регионалните канцеларии и на Комисијата за натпревари, Извршниот комитет на ФИБА ги направи следниве прилагодувања на календарот:

Сениорски турнири во ФИБА - мажи

Олимписките квалификации, односно ФИБА турнирите ќе се играат во периодот од 22 јуни до 4 јули 2021 година (точни датуми во очекување на одобрението од МОК).

FIBA EuroBasket 2021 и FIBA ​​AmeriCup 2021 се презакажани за периодот помеѓу 1-18 септември 2022 година.

Со цел да се ограничи обемот на работа за играчите и да се максимизираат можностите во рамките на календарот, националните тимови кои учествуваат во квалификациите за Светскиот куп во кошарка ФИБА, ќе ги играат двата натпревари првично закажани за септември 2022 година, на крајот на август 2022 година, за време на подготвителната фаза на ФИБА Евробаскетот и FIBA ​​AmeriCup.

Сите останати датуми на квалификациите за континенталниот куп 2021 и за ФИБА Светскиот куп во 2023 година, остануваат непроменети.

Сениорски турнири во ФИБА - жени

Aмериканскиот ФИБА AmeriCup 2021 е презакажан за 20-27 јуни 2021 година, пред Олимписките игри во Токио и на слични датуми како ФИБА женски Евробаскет 2021 (17-27 јуни 2021).