12.05.2022

Извршниот комитет на ФИБА Европа ја прифати кандидатурата која стигна од страна на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора

ФИБА го одзема домаќинството на КСБИХ, наместо во Сараево, кадетките ќе играат во Подгорица

Бордот на ФИБА Европа остана доследен на своите правила. Не го прифати барањето на кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина да направи измена во календарот за Европското првенство од „Б“ Дивизија за кошаркарки „Под 16“ години.

Напротив, донесе одлука за промена на домаќинот-организатор на овој евро-шампионат на кој учество треба да земе и нашата женска кадетска репрезентација.

Па наместо во Сараево, во периодот од 18. до 27. август, нашите млади кошаркарки ќе играат во Подгорица, откако Извршниот комитет на ФИБА Европа ја прифати кандидатурата која стигна од страна на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.