На специјална церемонија која се одржа во Валенсија, ФИБА го промовираше логото за Европското првенство-жени, кое во 2021 година ќе се одржи во Шпанија и Франција...
Следено од голем број на пријави од водечите европски „графичари“, националните федерации на двете земји-домаќини на наредниот Евробаскет во женска конкуренција го одбраа најдоброто идејно решение за логотипот на ова големо натпреварување.
Визуелниот идентитет ги прикажува оние исконски кошаркарски движења, кои формираат една слика која ќе биде основната на собирот кој од 17. до 27. јуни, 2021 година ќе биде поделен во две земји, Шпанија односно Франција.
Ова ќе биде трет пат како ова натпреварување се одржува во неколку држави. Во 2015 година, турнирот заеднички го организираа Унгарија и Романија, додека четири години подоцна, во 2019 година, во онаа организациска улога беа Србија и Летонија.