07.09.2023

Домаќини на женскиот Евробаскет 2025 на ФИБА за првпат ќе бидат четири земји, Чешка, Германија, Грција и Италија

ФИБА го промени форматот, избра четири ко-домаќини на женскиот Евробаскет 2025

ФОТО: Новиот квалификациски циклус за Евробаскетот во 2025 за нашите девојки стартува во ноември

Извршниот комитет на ФИБА Европа одлучи, организациата на наредното Европско првенство во женска конкуренција да им ја додели на четири земји, Чешка, Германија, Грција и Италија, кои ќе ја обезбедат „главната сцена“ за 40. издание на еден од врвните европски настани во кошаркарскиот календар.

Секоја земја ќе биде домаќин на дел од групната фаза, а точните локации ќе бидат потврдени подоцна - пред финалната фаза која ќе биде реализирана во Грција, поточно во главниот град, Атина, каде што ќе бидат крунисани шампионите.

Ова ќе биде за прв пат Европското првенство за жени да биде организирано во четири различни земји на Стариот континент.

Претходно, од имплементацијата на форматот за ко-домаќин во 2015 година, секое издание на Евробаскетот имаше по две земји-домаќини.

Прво тоа беа Романија и Унгарија, потоа во 2019 година, улога на организатори беа Србија и Летонија во 2019 година, следуваа Шпанија и Франција во 2021 година, додека последниот турнир се одржа во Словенија и Израел.

Вкупно 36. нации, вклучително и четирите ко-домаќини, ќе се натпреваруваат во квалификациите за женскиот Евробаскет во 2025 година.

Останатите 32. Тима, меѓу кои и нашата најдобра женска селекција, ќе бидат поставени во осум групи (од по четири екипи) и ќе се борат за 12. места во финалната рунда.

Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 19. септември во „Куќата на кошарката“ во Мие, а првиот ФИБА „прозорец“ ќе се одржи во ноември 2023 година.