25.09.2020

Формирани осум натпреварувачки групи кои ќе разигруваат според турнирски систем

ФИБА го промени форматот на редовната сезона во Лигата на шампионите

Следејќи ги најновите случувања на пандемијата КОВИД-19, Извршниот Одбор на ФИБА Лигата на шампиони одобри промена на форматот за регуларната сезона 2020/2021.

Поконкретно, врз основа на информациите добиени од медицинската советодавна група на ФИБА за КОВИД-19 (МАГ), која ги разгледа најновите научни податоци и публикации обезбедени од Светската здравствена организација (СЗО) до ФИБА, како и мислењето на експертите за имунологија, ИО на Лигата на шампионите одлучи да го адаптира форматот на своето пан-европско натпреварување.

Затоа, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службените лица, но исто така и да се обезбеди фер натпреварување, редовната сезона во ФИБА Лигата на Шампионите ќе се игра во осум групи од по четири тима, наместо досегашниот формат, четири групи од осум.

Оваа промена на форматот ќе обезбеди неделно „домаќинство“, ќе го намали меѓународното патување на тимовите и ќе им понуди поголема флексибилност без да влијае на распоредот на националните лиги.

Осумте нови групи се формирани според тековниот состав на групите по реализираната ждрепка во јули, и поделени според актуелниот рејтинг и „шеширите“ користени за време на ждрепката и формирани по рангирањето на клубовите во ФИБА Лигата на Шампионите.

Состав на групите

ГРУПА А: Динамо Сасари (Италија), Галатасарај (Турција), Тенерифе (Шпанија), Бакен Беарс/Монс

ГРУПА Б: Нимбурк (Чешка), Дижон (Франција), Тофаш (Турција), Керавнос (Кипар)

ГРУПА Ц: АЕК (Грција), Шоле (Франција), Хапоел Холон (Израел), Цмоки Минск (Белорусија)

ГРУПА Д: Сарагоса (Шпанија), Фалко (Унгарија), Нижњи Новгород (Русија), Старт Љублин (Полска)

ГРУПА Е: Перистери (Грција), Ритас Виљнус (Литванија), Стразбур (Франција)  

ГРУПА Ф: Бросе Бамберг (Германија), Фортитудо Болоња (Италија), Пинар Каршијака (Турција), Билбао (Шпанија)

ГРУПА Г: Хапоел Ерусалим (Израел), Лимож (Франција), Турк Телеком (Турција), Игокеа/Спортинг

ГРУПА Х: Дарушафака (Турција), Остенде (Белгија), Бриндизи (Италија), Сан Пабло Бургос (Шпанија)