На својот последен состанок, Бордот на европскиот дел од ФИБА донесе една исклучително битна одлука
Имено, прифатен е предлогот кој вели дека и претквалификациите за Светскиот Куп 2023, ќе се играат во сега добро познатите „балони“.
Наместо размена на домаќинства, 12. селекции кои се дел од вториот претквалификациски циклус за места во оние „главни квалификации“, ќе играат на четири одвоени турнири од „затворен тип“ во периодот од 12. до 18. август, 2021 година.
Местата на одигрување на т.н. „балони“ ќе бидат дополнително одредени, откако ќе бидат разгледани сите пријави за организација-домаќинство
Ова се доста променети услови за машката сениорска репрезентација, која според првичниот план на ФИБА, во периодот од 11. до 28. август требаше да ги одигра четирите средби од „Ф“ квалификациската група во која се уште и репрезентациите на Швајцарија и на Словачка.
Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи одат во следниот, квалификациски формат за пласман на Светскиот Куп кој ќе се одржи во 2023 година, во три различни земји, Јапонија, Филипини и Индонезија.