Најдолгата сезона во поновата историја на ФИБА Лигата на Шампионите треба да го доживее својот завршеток на почетокот на октомври.
И тоа во Атина каде на 4.октомври треба да биде прогласен новиот шампион во ова најквалитетно натпреварување на ФИБА. Но претходно, треба да бидат поделени и оние индивидуални награди за најдобрите.
На неполн месец пред одигрување на финалниот турнир на осумтте најдобри екипи, ФИБА Лигата на Шампионите ќе ги одбере или подобро речено, изгласа, најдобрите пет кошаркари во сезоната 2019/2020.
А освен признанието за МВП, ќе биде избрани на најмладиот играч на годината како и најдобриот тренер.
Тренерите на 32. екипи учесници во ова натпреварување, акредитираните новинари, и секако фановите, од денеска па во наредните месец дена ќе треба да гласаат за два бека, две крила и еден играч на центарската позиција.
Конкуренцијата на оние бековски позиции ја прават:
Кејт Ленгфорд (АЕК), Дилан Елис (Сарагоса), Џи-Кован Браун (Хапоел Ерусалим),Џејмс Фелдејн (Хапоел Ерусалим), Витор Бените (Сан Пабло Бургос), Марселино Уертас (Тенерифе), Џастин Дентмон (По Лак Ортез), Јаромир Бохачик (Нимбурк), Брендон Браун (Нижњи Новгород), Давид Холстон (Дижон)
Фановите може да гласаат на следниот ЛИНК