Уште едно потсетување за оние неверојатни 40.минути во Каунас пред девет години...
За точно два месеца, ќе се навршат точно девет години од историската победа на македонската репрезентација против Литванија, на Европското првенство кое се одржа во оваа земја на Балтикот.
А таму, во Каунас,за првпат во историјата Македонија се пласира во полуфиналето на едно континентално натпреварување, и за малку не стигна до медал.
ФИБА не заборава на тие историски моменти на македонската репрезентативна кошарка. И за денеска, од 18.часот, одлучи да го емитува тој историски натпревар за македонскиот спорт.
Веројатно најдраматичниот за нашата сениорска репрезентација во постоењето, во кој беше реализирана и најголемата победа во историјата на нашата кошарка.
Натпреварот можете да го проследите на следниот линк