02.10.2020

Вечерва во „ОАКА“ се играат двете полуфинални средби

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: АЕК и Сарагоса ја комплетираа големата „четворка“

Екипите на Сарагоса и АЕК се последните два полуфиналисти на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите кој се одржува во Атина.

Овие две екипи им се придружија на шпанскиот Бургос и францускиот Дижон, кои ден порано ја завршија својата задача во четвртфиналето.

„Домаќинот“ на „Фајнал-Ејт“ турнирот, АЕК го совлад чешкиот Нимбурк (94:82), додека пак во шпанската пресметка Сарагоса го изненади Тенерифе, славеше победа од (87:81).

Затоа овие две екипи ќе играат во вечерашното второ полуфинале (од 20.30 часот). Три часа порано, за место во големото финале (недела од 19.часот) ќе се сретнат Бургос и Дижон.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Бургос – Хапоел Ерусалим        92:65

Турк Телеком – Дижон   82:83

Нимбурк – АЕК      82:94

Сарагоса – Тенерифе       87:81

ПОЛУФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА:

17.30: Бургос – Дижон

20.30: АЕК - Сарагоса