Екипите на Бургос и на Дижон се првите полуфиналисти на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите кој деновиве се одржува во Атина.
Во првиот четвртфинален меч, шпанскиот претставник делуваше убедливо против еден, барем на хартија, од фаворитите. Но екипата на Хапоел од Ерусалим со изданието кое го прикажа во овие 40.минути vo Атина, покажа дека е далеку од тоа. Бургос славеше со преубедливи (92:65), и за место во големото финале ќе се бори против францускиот Дижон.
Екипа која дефинитивно го изненади играчки, силно подновениот состав на Турк Телеком.
Иако во последните три минути од мечот влегоа со десет поени предност, кошаркарите на Дижон дозволија тимот од Анкара да дојде до еден поен негатива, и последен напад. За нивна среќа, Вилтјер не го погоди обидот за победа, па на семафорот остана резултатот (83:82).
Денеска се играат другите две четвртфинални двојки. Од 17.30 часот, „домаќинот“ на турнирот, екипата на АЕК ќе го нагости чешкиот Нимбурк, додека пак од 20.30 часот силите ќе ги одмерат шпанските претставници Сарагоса и Тенерифе.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Бургос – Хапоел Ерусалим 92:65
Турк Телеком – Дижон 82:83
ДЕНЕСКА:
17.30: Нимбурк - АЕК
20.30: Сарагоса - Тенерифе