Касадемонт Сарагоса и Џејкоб Вајли го завршија својот евро-пат со освојувањето на третото место на завршниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите.
Во „малото финале“ во комплексот „Нагорњи“ во Нижњи Новгород, беа подобри од францускиот Стразбур (89:77) и го освоија бронзениот медал од ова натпреварување.
Џејкоб Вајли беше стартер, но одигра по десет минути во дбете полувремиња. На крајот заврши и со десет поени и стонастотен ефект. Со пет погодени удари од игра, од исто толку обиди.
Нашиот репрезентативец имаше и шест скока, и по една асистенција, блокада и освоена топка за 19.индексни поени.
Вечерва во големото финале на Лигата на шампионите се среќаваат екипите на Сан ПАбло Бургос и Пинар Каршијака.