25.03.2022

За „Фајнал-фор“ турнирот во Билбао во конкуренција останаа осум екипи

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Формирани се четвртфиналните двојки

Согласно со пласманот во регуларниот дел од сезоната, познати се четирите пресметки на најдобрите во ова натпреварување.

По одигрувањето на средбите од ТОП 16 фазата, познати се и екипите кои обезбедија место во четвртфиналната, елиминациска фаза од ФИБА Лигата на Шампионите.

А ждрепката во овој баскијски град посака во четвртфиналето, кое се игра според системот „подобар во три натпревари“ да се сретнат:

МАНРЕСА (ШПА) – УНИКАХА (ШПА)

ТЕНЕРИФЕ (ШПА) – ТОФАШ (ТУР)

ХАПОЕЛ ХОЛОН (ИЗР) – СТРАЗБУР (ФРА)

КЛУЖ НАПОКА – ЛУДВИСБУРГ (ГЕР)

Овие четири четвртфинални серии ќе стартуваат на 5. април, а подобропласираните екипи ќе бидта домапини на првиот, и евентално на третиот натпревар во серијата.

А од 4. до 6. мај во Билбао ќе се најдат четирите најдобри екипи од оваа натпреварувачка фаза која е елиминаторна.

Во Билбао беше направен и распоредот на полуфиналните натпревари. Во првиот, ќе се сретнат победникот од серијата КЛУЖ НАПОКА – ЛУДВИСБУРГ (ГЕР) и поуспешниот од серијата МАНРЕСА (ШПА)-УНИКАХА (ШПА).

Во второто полуфинале ќе има место за подобрите екипи од серијата:

ТЕНЕРИФЕ (ШПА) – ТОФАШ (ТУР), односно, ХАПОЕЛ ХОЛОН (ИЗР) – СТРАЗБУР (ФРА)