Почеток каков што може само да се посака, направија кошаркарите на Игокеа во новото издание на ФИБА Лигата на Шампионите.
Четата на македонскиот селектор Драган Бајиќ, стигна до стартен триумф против силниот состав на ПАОК (68:64).
И тоа со еден неверојатен пресврт, реализиран во последните пет минути од средбата коа се одигра во Лакташи.
Домашната екипа успеа да анулира негатива од 14.поени, и на крајот да прослави прв успех во групната фаза од ова елитно натпреварување на ФИБА.
Првата вечер од првото коло беше во најмала рака „домашна“. Единствен успех на гостински терен реализираше турската Пинар Каршијака која го победи Хапоел во Ерусалим (86:84).
ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
Тофаш – Остенде 92:83
Лаврио – Дижон 65:63
Игокеа – ПАОК 68:64
Клуж Напока – Дарушфака 66:60
Лудвисбург – Банко Де Сардења 94:81
Хапоел Ерусалим – Пинар Каршијака 84:86
Тревизо – ВЕФ Рига 91:85
ДЕНЕСКА:
18.00: Прометеј – Тенерифе
18.00: Нижњи Новгород – Уникаха
18.00: Шомбатели – АЕК
20.00: Галатасарај – Нимбурк
20.00: ЕВЕ Баскетс - Ритас Вилнус
20.30: Стразбур – Калев/Крамо
20.30: Бриндиси – Хапоел Холон
21.00: Манреса – Стал Остров