Најдобрите 16. екипи во првата, групна, фаза од ФИБА Лигата на Шампионите продолжуваат во плеј-оф рундата.
А според малку изменетиот систем за натпреварување, ќе бидат поделени во четири групи (по четири екипи).
Како ќе изгледаат групите во плеј-оф зоната ќе стане јасно на 2.февруари за кога во Минхен е закажана ждрепката. А непосредно пред тоа, беа одредени и двете групи на носители.
Во првата се најдоа осумте екипи кои првиот дел од натпреварувањето го освоија и првото место во групите. Во онаа втората, на не-носители, пак се осум екипи кои завршија на позицијата број 2.
Во периодот од 2. март до 7.април, учесниците во плеј-офот ќе одиграат по шест натпревари (три на домашен и три на гостински терен), а првопласираните две од секоја група ќе обезбедат место на завршниот турнир на ФИБА Лигата на шампионите кој ќе се игра во периодот од 5. до 9 мај, во место кое дополнително ќе биде одредено.
НОСИТЕЛИ 1: Бросе Бамберг, Тенерифе, Тофаш, Хапоел Холон, Сарагоса, Стразбур, Турк Телеком, Сан Пабло Бургос
НОСИТЕЛИ 2: Динамо Сасари, Нимбурк, АЕК, Нижњи Новгород, ВЕФ Рига, Пинар Каршијака, Игокеа, Бриндиси