По одигрувањето на првата вечер од 6.коло, познати се 15, од планираните 16 учесници во ПЛЕЈ-ОФ натпреварите на ФИБА Лигата на Шампиони.
Останува само уште една дилема, ја носи групата „Ф“. Состав во кој место во следната фаза е германскиот Бросе Бамберг. А во меѓусебен дуел во Измир, Пинар Каршијака и Билбао ќе го одредат второпласираниот тим во оваа натпреварувачка група.
Место во елиминацискиот дел од Лигата на Шампиони има за бранителот на титулата, шпанскиот претставник Сан Пабло Бургос. А големо и пријатно изненадуавње е пласманот на Игокеа во следниот круг од натпреварите.
АБА лигашот загуби на гостувањето од Анкара од Турк Телеком (86:94). Но во нивна корист беше резултатот од средбата Лимож-Хапоел Ерусалим, кој го доби францускиот претставник со резултат (88:83).
УЧЕСНИЦИ ВО ПЛЕЈ-ОФОТ
ГРУПА А: Тенерифе, Динамо Сасари
ГРУПА Б: Тофаш, Нимбурк
ГРУПА Ц: Хапоел Холон, АЕК
ГРУПА Д: Сарагоса, Нижњи Новгород
ГРУПА Е: Стразбур, ВЕФ Рига
ГРУПА Ф: Бросе Бамберг, Пинар Каршијака/Билбао
ГРУПА Г: Турк Телеком, Игокеа
ГРУПА Х: Сан Пабло Бургос, Бриндиси