08.04.2021

Џејкоб Вајли и соиграчите загубија на гостувањето кај Нимбурк (78:98)

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Сарагоса како второпласирана оди на „финалните осум“

Екипата на Касадемонт Сарагоса ги заврши натпреварите во групата „Л“ од ФИБА Лигата на Шампионите на втората позиција. Во битката за првото место шпанскиот состав во кој од пред извесно време настапува нашиот нов репрезентативец Џејкоб Вајли, загуби на гостински терен од чешкиот Нимбурк со резултат (78:98)

Во шест одиграни средби, чешкиот тим има ефект од пет победи и еден пораз, а шпанскиот четири победи и два неуспеси, што во четвртфиналето им носи релативно потежок против (една од трите првопласирани екипи во другите три натпреварувачки групи, Нижњи Новгород,Тенерифе или Хапоел Холон).

Џејкоб Вајли одигра 24:21 минута на ова гостување. Запиша седум поени (2/3 за два и 3/4 за еден поен) и пет скока.