Во „Куќата на кошарката“ наречена „Патрик Бауман“ беа одредени четирите двојки од четвртфиналната фаза од ФИБА Лигата на шампионите.
Ждрепката во која беа вклучени шпанската легенда, Фран Васкез, односно Јонас Мачиулис, долго време капитен на селекцијата на Литванија, одлучи екипата на Телеком Бон за која настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, за место на „фајнал-форот“ да разигрува против францускиот претставник Стразбур.
Хапоел Ерусалим, екипа која пак ја предводи поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ, за противник во четвртфиналето кое се игра според системот „подобар од три натпревари“, да го има атински АЕК.
Во останатите две четвртфинални серии ќе се сретнат четирите шпански претставници. Тенерифе ќе игра против Манреса, а Уникаха против Манреса, што значи дека постои и голема можност, една екипа од Шпанија ќе има место и во големото финале од Лигата на Шампионите..
Четвртфиналето ќе почне на 4. април, на теренот на подобропласираните екипи од ТОП 16 фазата. Возвратните дуели пак ќе се играат на 11, односно на 12 април. Доколку резулттот во серијата биде израмнет (1-1), ќе се игра и трет натревар. Одново на теренот на подобропласираните екипи, на 18. односно на 19. април.
Ждрепката за полуфиналето е планирана да се одржи пред крајот на април.
ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Телеком Бон – Стразбур
Хапоел Ерусалим – АЕК
Тенерифе – Манреса
Уникаха - Мурсија