25.09.2022

Завршија квалификациите, на ред е групната фаза

ФИБА Лига на шампиони: Тофаш, Бакен беарс, Уникаха и Бенфика одат понатака

Редовната сезона на седмото издание на ФИБА Лигата на шампиони е финализирана. По завршувањето на квалификациските турнири што се одржаа во Белград, Лисабон, Малага и Скопје, познати се и последните четири учесници на групната фаза од најквалитетното натпреварување на ФИБА.

Бакен Беарс, Бенфика, Уникаха и Тофаш, се четирите клуба кои излегоа како победници во квалификациите, и ги освоија посакуваните билети за место во редовната сезона 2022-23.

Во групната фаза ќе има девет актуелни шампиони на националните лиги, а клубовите-учеснички претставуваат 16. различни европски земји, вклучувајќи ја и Португалија, за прв пат.

Дваесет и осум кратниот португалски шампион Бенфика ќе биде првиот клуб од Иберија што ќе учествува во шампионската лига, додека 20. кратниот дански шампион Бакен Беарс ќе се врати уште еднаш во ова натпреварување во нивната трета кампања во клупска историја.

Двократниот турски шампион Тофаш, кој минатата сезона тесно загуби од евентуалниот шампион Леново Тенерифе во четвртфиналето, ќе учествува во натпреварувањето трет пат по ред.

Во меѓувреме, поранешниот шампион на шпанската АЦБ лига и Купот Кораќ и неодамнешниот учесник во Евролигата, Уникаха, ќе се подготвуваат за својата втора последователно учество во ФИБА лигата на шампионите.

Првото коло од групниот сегмент во новата сезона треба да започне на 3. октомври, и да заврши на 21. декември, со половина од тимовите кои ќе продолжат во осминафиналето, кое ќе се одржи од крајот на јануари 2023 година до март 2023 година.

Натпреварувањето потоа ќе влезе во четвртфиналната фаза, која ќе се игра во текот на април 2023 година и ќе кулминира, во мај,  со „Фајнл-фор“ турнирот кој ќе го даде новиот шампион.

 

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ ВО СЕЗОНАТА 2022/2023

Група А

Стразбур (ФРА)

Фалко Шомбатели (УНГ)

Мурсија (ШПА)

Тофаш (ТУР)

Група Б

АЕК (ГРЦ)

Пинар Каршијака (ТУР)

Телеком Бон (ГЕР)

Реџо Емилија (ИТА)

Група Ц

Хапоел Холон (ИЗР)

Остенде (БЕЛ)

Галатасарај (ТУР)

Легија Варшава (ПОЛ)

Група Д

ЕРА Нимбурк (ЧЕШ)

Игокеа (БИХ)

Билбао (ШПА)

Колеџ Бахчешехир (ТУР)

Група Е

Хапоел Ерусалим (ИЗР)

Лудвигсбург (ГЕР)

Дарушафака (ТУР)

Бакен Беарс (ДАН)

Група Ф

Манреса (ШПА)

Рига (ЛЕТ)

Лимож (ФРА)

Бенфика (ПОР)

Група Г

Дижон (ФРА)

Динамо Сасари (ИТА)

ПАОК (ГРЦ)

Уникаха (ШПА)

Група Х

Тенерифе (ШПА)

Ритас Вилнус (ЛИТ)

Перистери (ГРЦ)

Бнеи Херцлија (ИЗР)