Помеѓу овие четири екипи се бараат две кои на крајот на овој месец ќе им се придружат уште на шест на финалниот турнир на ФИБА Лигата на Шампионите.
Со реванш-мечевите закажани за утре вечер од 20.30 часот, во Тенерифе, односно Дижон, ќе биде затворена ТОП 16 фазата од најквалитетното натпреварување на ФИБА.
Некако најблиску до пат за Атина, каде од 30.септември до 4.октомври ќе се игра „Фајнал-ејт“ турнирот, е екипата на Нижњи Новгород која во првиот меч против францускиот состав обезбеди девет поени предност (88:79).
Со два помалку, односно со позитива од шест поени влегуваат кошаркарите на Остенде на гостувањето во Тенерифе, затоа што составот од Белгија го доби првиот меч на домашен терен со (75:69).
Учество на завршниот турнир во главниот град на Грција од претходно обезбедија екипите на:Сарагоса, Сан Пабло Бургос (Шпанија), Нимбурк (Чешка), Хапоел Ерусалим (Израел), Турк Телеком (Турција) и атински АЕК, во улога на ко-организатор на „Ф8“ собирот.