10.03.2021

Шпанскиот тим е чекор поблиску до финалниот турнир, откако славеше сигурна победа (77:65)

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Вајли е веќе прв скокач кај Сарагоса, „падна“ и Бросе Бамберг

Во вториот меч од плеј-оф фазата во групата „Л“, Касадемонт Сарагоса се сретна со германскиот Бросе Бамберг. И стигна до уште една важна победа (77:65) со која беше потврден „брејкот“ против Динамо Сасари, реализиран минатата седмица.

Џејкоб Вајли одигра скоро 18. минути.  Немаше многу поени, само два, но затоа пак комплетираше дури 11. скока, со кои беше прв скокач во тимот-победник. Нашиот нов репрезентативец имаше и две успешни додавања на овој меч по кој Сарагоса има максимални две победи во исто толку мечеви во Лигата на Шампионите.

Инаку, еден од судиите на овој меч во Сарагоса беше и нашиот интернационалец со знакот на ФИБА, Игор Митровски.