23.03.2021

Шпанскиот тим претрпе дебакл на гостувањето кај Бросе (76:117). Нашиоt репрезентативец со 18 поени...

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Вајли одличен, Сарагоса на -41 во Бамберг

Сарагоса и Џејкоб Вајли направија еден чекор назад во реализација на планираните цели поврзани со учество на завршниот турнир во ФИБА Лигата на Шампионите.

На првото гостување во ТОП 16 фазата, во Германија, останаа замрзнати на негатива од дури 41.поен. Загуби Сарагоса од Бросе Бамберг со неверојатни (76:117). А домашната екипа имаше неверојатна шутерска вечер во која испорача дури 21.тројка.

Џејкоб Вајли беше еден од ретките во гостинската екипа со задоволителне натсап.

Македонскиот репрезентативец реализираше 18.поени (8/13 за два и 2/3 за еден поен) и два скока за 19:45 минути на теренот.

По три одиграни меча, Сарагоса има ефект (2-1) во групата „Л“ од ова натпреварување