07.05.2021

Нашиот репрезентативец имаше најголем индекс на теренот, но Пинар Каршијака оди во финале, славеше голема победа (84:79)

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Вајли силно, ама Сарагоса остана без финале

Џејкоб Вајли сакаше, одигра одличен меч, но Касадемонт Сарагоса немаше доволно сили и енергија да го реалкзира во целост комплетниот камбек во дуелот со Пинар Каршијака.

Вајли и соиграчите се вратија од голем резултатски минус во кој влегоа уште во првата четвртина од полуфиналето од ФИБА Лигата на Шампионите,  против тимот од Измир (17:29). Одиграа одлично по големиот одмор. Се вратија со (27:14) во третата четвртина. Поведоа со (60:57), но не издржаа.

Турскиот тим имаше подобар финиш во кој стигна до победа (84:79) и историско финале.

А македонскиот репрезентативец беше и најкорисен играч во составот на Касадемонт Сарагоса. Како стартер, одигра  32:15 минути. Собра 24.индексни поени до кои дојде со 21. реализиран поен (9/13 од поле и 3/3 од линијата за слободни фрлања), имаше и четири скока, две загубени и една освоена топка за тоа време поминато во полуфиналето во Арената во Нижњи Новгород.