По убедливиот пораз од Хапоел во Ерусалим (76:98), францускиот претставник ги загуби шансите за премин во следната рунда од натпреварувањето.
По 12.коло од ФИБА Лигата на Шампионите стана јасно дека екипата каде до пред една недела настапуваше Војдан Стојановски, По Лак Ортез, повеќе нема ниту теоретски шанси за место во следниот натпреварувачки круг.
Францускиот прволигаш загуби, и тоа убедливо на гостувањето во Ерусалим, Ги совлада Хапоел со (98:76), доволно за елиминација на тимот од По, кој има ефект (4-8) во пресрет на последните две кола.
Инаку, по ова 12. коло, неколку екипи веќе обезбедија пласман во плеј-офот.
Во доигрувањето за место на финалниот турнир веќе се Турк Телеком и Динамо Сасари (скор 9-3), Хапоел Ерусалим (9-3), Тенерифе и Нимбурк (скор 10-2) од групата „Ц“, и Сарагоса, односно Дижон, кои се дел од групата „Д“.
Според системот за натпреварување, по четири најдобри екипи од секоја од четирите натпреварувачки групи, обезбедуваат место во плеј-офот во кој ќе се игра според систем на елиминации. Односно по форматот „подобар во три натпревари“.
Идентично ќе биде и во четвртфиналето, по кое најдобрите четири екипи ќе обезбедат место на завршниот турнир од ЛШ кој е предвиден да се игра во периодот од 1. до 3. мај.