02.03.2021

Нашиот репрезентативец имаше солидна партија во победата на гостински терен кај Динамо Сасари (95:83)

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ: Вајли и Сарагоса до прва плеј-оф победа

Кошаркарите на Касадемонт Сарагоса со победа ги стартуваа натпреварите од втората, плеј-оф, фаза во ФИБА Лигата на Шампионите. 

А Џејкоб Вајли, нивното ново засилување, а наш нов репрезентативец, го имаше својот деби настап во ова европско натпреварување.

На првиот натпревар од групата „Л“, на гостувањето кај Динамо Сасари, силното крило на нашиот национален тим не беше во стартните пет на тимот од Сарагоса која стигна до сигурен триумф од (95:83).  

Вајли одигра 20:02 минути на деби-мечот во Лигата на Шампионите како играч на Сарагоса. На крајот, дојде до ефект од 13. поени со висок процент на реализација од поле (6/8 во шутот за два, и 1/2 за еден поен), а имаше и четири скока, три асистенции, три блокади, и по една освоена и една загубена топка за тоа време во игра.