30.03.2021

Со победата над Динамо Сасари (105:88), шпанците направија уште еден чекор кон финалниот турнир.

ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ: Вајли и Сарагоса се многу блиску до „фајнал-форот“

Џејкоб Вајли и Сарагоса брзо го заборавија убедливиот пораз на гостувањето во Бамберг пред една седмица.

На свој терен, Џејкоб Вајли и неговите нови соиграчи делуваа сигурно. И вечерва беа и по втор пат подобри од италијанскиот Динамо Сасари. Славеа со убедиви (105:88), па по четири одиграни кола повторно се на првата позиција во групата „Л“ од ФИБА Лигата на Шампионите.

Нашето репрезентативно крило беше еден од петмината домашни кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на поени. За 26:15.минути во игра, реализираше 14.поени (7/12 во обидите за два поени), а имаше и осум скока, три загубени и една освоена топка.