Онаму каде што тоа условите, оние здравствените, секако и безбедносните, се играше кошарка во рамките на ФИБА Лигата на шампионите.
Уште на стартот, менаџментот на најсилното натпреварување на ФИБА се соочи со неколку неодиграни натпревари.
Во првото коло, се одиграа само четири натпревари. А комплетирани се само резултатите од групата „А“.
На првиот меч во новата сезона, Тенерифе убедливо го совлада данскиот Бакен Беарс (98:73), додека пак ден подоцна, Динамо Сасари беше подобар ривал од турскиот Галатасарај (93:84).
Се одигра и еден меч од групата „Б“ во кој играа два учесници на „Ф8“ турнирот во Атина. На крајот, со голем пресврт, Дижон го победи Керавнос со резултат (91:79).
Во единствениот натпревар од групата „Д“, Сарагоса славеше на гостувањето кај Старт Лублин (86:85).