29.09.2020

После точно четвртина век, 32. тима учесници ќе репрезентираат 18. држави во групната фаза на некоја од европските лиги.

ФИБА Лигата на шампионите урна рекорд стар 25. години

Во елитното ФИБА натпреварување дури 18. земји имаат свои претставници.

После точно четвртина век, 32. тима учесници ќе репрезентираат 18. држави во групната фаза на некоја од  европските лиги.

За тоа во голема мерка придонесе и исходот, односно резултатите во четирите квалификациски турнири одржани изминатата седмица во Ботевград односно во Никозија, каде пласман во друштвото на најдобрите остварија екипите на Игокеа (БиХ), Керавнос (Кипар), Цмоки Минск (Белорусија) и Бакен Беарс (Данска).

Согласно со тоа, најмногу претставници во ЛШ во сезоната 2020/2021 ќе има Турција (5), следуваат Шпанија и Франција (4), Италија (3), Грција и Израел (2), додека по еден репрезент ќе имаат Данска, Чешка, Кипар, Белорусија, Унгарија, Полска, Летонија, Германија, Белгија, БиХ, Литванија и Русија.

Сезоната ќе започне на 20. октомври, а ќе заврши се финален турнир кој ќе се игра од 7. до 9. мај, 2021 година.

СОСТАВИ НА ГРУПИТЕ ЗА СЕЗОНАТА 2020/2021

А ГРУПА: Бакен Беарс (Данска), Сасари (Италија), Галатасарај (Турција), Тенерифе (Шпанија)

Б ГРУПА: Нимбурк (Чешка), Дижон (Франција), Керавнос (Кипар), Тофаш (Турција)

Ц ГРУПА: АЕК (Грчка), Шоле (Франција), Хапоел Холон (Израел), Цмоки Минск (Белорусија)

Д ГРУПА: Сарагоса (Шпанија), Шомбатели (Унгарија), Нижњи Новгород (Русија), Љублин (Полска).

Е ГРУПА: Перистери (Грција), Ритас (Литванија), Стразбур (Франција), Рига (Летонија)

Ф ГРУПА: Бамберг (Германија), Фортитудо (Италија), Пинар Каршијака (Турција), Билбао (Шпанија)

Г ГРУПА: Хапоел Ерусалим (Израел), Игокеа (БиХ), Лимож (Франција), Турк Телеком (Турција)

Х ГРУПА: Дарушафака (Турција), Остенде (Белгија), Бриндизи (Италија), Бургос (Шпанија)