11.08.2023

Аналитичарите сметаат дека прв фаворит е БИХ, пред Полска, Чешка и Израел

ФИБА нè става на петтата позиција пред почетокот на претквалификациите

„Никогаш не вели никогаш“ кога се во прашање можностите на нашата сениорска репрезентација во овој момент. Така ја завриваа мини-анализата стручните лица кои работат во ФИБА, а се однесува на квалитетот на осумте репрезентации кои од утре ќе ја почнат битката за едно место кое води во олимписките квалификации.

Во Талин и во Гљивице се играат двата турнири во кои осум селекции тргнуваат со иста желба, да бидат најдобрата.

ФИБА направи еден рејтинг за актуелните можности на оваа „осмица“.

И интересно, првата позиција им ја припишаа на кошаркарите на БиХ.

Најмногу поради фактот што во составот на „змајевите“ освен ударниот двоец Јусуф Нуркиќ-Џанан Муса, пред турниот во Гљивице  сега е придодаден уште еден сериозен НБА потенцијал во ликот на Лука Гарза.

Македонската репрезентација ФИБА ја става на петтото место, потенцирајќи дека имаме евидентен напредок, ги поминавме двете претквалификациски фази за Евробаскетот 2025, дека го имаме најдобриот играч во ФИБА лигата на шампионите Ти-Џеј Шортс, кому како сериозна поддршка му е играчот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ.

Веднаш зад Босанците се домаќините на една од двете групи – репрезентацијата на Полска, по што следуваат две екипи од нашата група, Чешка и Израел.

ФИБА РЕЈТИНГ – ПРЕДОЛИМПИСКИ ТУРНИРИ

1.БИХ

2. ПОЛСКА

3.ЧЕШКА

4.ИЗРАЕЛ

5.МАКЕДОНИЈА

6.ЕСТОНИЈА

7.УНГАРИЈА

8.ПОРТУГАЛИЈА