22.08.2025 22.08.2025 Меѓународната Кошаркарска Федерација, ФИБА, објави насоки што ќе им помогнат на играчи кои не се со потекло од САД, а во врска со продолжување на нивната кариера на американските универзитети односно NCAA системот. Насоките објавени од ФИБА се концентрираат на начинот на кој играчите можат да настапуваат во универзитетскиот спортски систем, планирање на нивната кариера на долг рок, потреби за регулирање на виза, даноци, регрутирање и настап за национални селекции. Сите заинтересирани, можат да ги прочитаат насоките на линкот подолу, на веб страницата на ФИБА. Q&A Guide for International (non-US) Basketball Players Exploring NCAA College Basketball | About FIBA