Во моментот кога поради поради пандемијата COVID 19, Светската кошаркарска федерација ги „замрзна“, макар и привремено, активностите за оваа сезона, го добивме и официјалниот рејтинг на националните тимови...
Стартот на новата професионална сезона во „3 на 3“ веќе традиционално е во месец април. Но поради пандемијата на корона вирусот, уште на 13. март, ФИБА ги суспендира сите натпреварувања.
А веќе во текот на вчерашниот ден, Светската кошаркарска федерација одлучи да го „замрзне“ и официјалниот ранкинг на сите свои листи во натпреварувањата „3 на 3“.
Тоа се однесува на индивидуалното рангирање на најдобрите играчи во светот, но и за тимовите односно националните федерации.
Појаснувањето од светската „куќа на кошарката“ е дека суспензијата важи од 1.април се додека истата не биде укината.
Ранкингот е клучен критериум во овој спорт, на основ на кој репрезентациите се квалификуваат за големите натпреварувања, а тимовите добиваат покани за учество на големите турнири.
Во овој момент нашата национална федерација е рангирана на 69.позиција во вкупниот поредок во машка сениорска конкуренција.
Имаме освоено 147.243 бодови во вкупното рангирање во кое се евидентирани 207 земји од целиот свет.
Во ТОП 5 на листата на најдобрите во светот, лидер е Србија со 13.264.529 бодови, пред САД со 8.500.049, Русија 5.5684.097, Словенија која има 5.447.776 и Летонија со 4.994.417.
Во оној женски сегмент од рангирањето, со 20.778 освоени бодови, Македонија е поставена на 97.позиција во светски рамки, од вкупно 169 национални федерации со активности во изминатата календарска година.
Комплетниот рејтинг на следниот ЛИНК