Во согласност со својата одлука од 12.март, да ги прекине сите натпревари, потврдена на Централниот одбор на ФИБА на 26 и 27 март, Светската кошаркарска федерација објави нова серија на ажурирања на натпреварите 3x3 за 2020 година.
Согласно со тоа, официјалните натпревари на FIBA 3x3 нема да се одржат најрано пред август 2020 година, што е резултат на моменталната состојба со пандемијата Коронавирус (СОВИД-19).
Претходно, некои настани требаше да бидат откажани, а поголемиот дел од нив се уште треба да се играат во третиот или четвртиот квартал од годината.
Настани одложени до 2021 година:
-Два олимписки квалификациски турнири (поместени за 2021 година по одложувањето на Олимпијадата во Токио)
Настани откажани за сезоната 2020:
-Четири настани на „светска турнеја“ (Прага, Лозана, Лос Анџелес, Нанџинг)
- ФИБА 3x3 U23 национални лиги, и квалификации за различни зони на ФИБА 3x3 U17 (вклучувајќи и квалификации)
ФИБА останува посветена да ги врати во активност натпреварувањата „3x3“ и продолжува да работи активно во планирањето и организацијата на „Светската турнеја“ на ФИБА 3x3, „челенџерите“, зоните и светските првенства (У23 и У18) во остатокот од 2020 година, а ако е потребно и во јануари 2021 година.