На состанокот на бордот на Лигата на Шампионите, што се одржа во во текот на вчерашниот ден преку видео конференција, беше донесена одлука кошаркарската Лига на шампиони да биде одложена за крајот на септември, односно почетокот на октомври 2020 година.
Односно, сите преостанати натпревари, првично закажани од март до мај 2020 година, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службениците и навивачите, ќе бидат реализирани во подоцнежен датум.
Одборот опширно дискутирал за тековната состојба во врска со пандемијата COVID-19 и нејзиното влијание, и ги потврди следниве услови како предуслови со цел сезоната на ЛШ да продолжи во случај ФИБА да ја укине суспензијата на сите свои натпревари, како по одлуката донесена на 12. март и потврдена на Централниот одбор на ФИБА на 26-27 март 2020 година:
Со цел да се заштити здравјето и да се гарантира безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите: спортските активности да бидат дозволени од релевантните јавни власти на сите земји со екипи кои сè уште учествуваат во тековната сезона;
Со цел да се заштити фер-натпревар: играчите треба да бидат достапни за соодветен период на тренинг, откако ќе бидат дозволени спортски активности;
Со цел правилно да се организираат натпреварите, треба да се обезбедат нормални прекугранични патувања;
Со цел да се обезбедат најдобри услови за играчите, навивачите и партнерите: овие натпревари од Лигата на Шампионите ќе се одржат со присуство на публика.
Имајќи ја в предвид моменталната ситуација, доколку некој од горенаведените услови не може да се исполнат во разумен рок, а со цел да се заврши сезоната, Одборот на ЛШ донесе едногласна одлука за продолжување и завршување на сезоната 2019-20 со организирање на Финален турнир со осумте најдобри, и тоа преку систем на елиминации, четвртфинале-полуфинале-финале, што ќе се одржи во периодот од 30. септември до 4. октомври 2020 година.
Домаќинот на турнирот и дополнителни детали за натпреварите ќе бидат објавени во догледно време.