Светската кошаркарска федерација ги определи носителите на јакосните групи пред претстојната ждрепка за Евробаскетот 2021 во женска конкуренција.
Очекувано, во првата група, освен домаќините на шампионатот, репрезентациите на Шпанија и на Франција, се „сместени“ и селекциите на Србија и на Белгија.
Пред ждрепката која ќе се одржи на 8. март во Валенсија, Франција и Шпанија добија одредена „привилегија“ од ФИБА, да си одберат по една „партнер-федерација“.
Французите се одлучија за своите соседи од Белгија, додека пак Шпанците се решија тоа да биде селекцијата на Словенија. Согласно со тоа ќе има и мали рестрикции во ждрепката.
Инаку, Европското првенство во женска конуренција ќе се одржи во периодот од 17. до 27. јуни, во Валенсија и во Стразбур.
Финалната фаза, каде ќе биде промовиран и новиот европски шампион, ќе се одржи во Валенсија.
НОСИТЕЛИ НА ЖДРЕПКАТА ВО ВАЛЕНСИЈА
ПРВА ГРУПА: Шпанија, Франција, Србија, Белгија
ВТОРА ГРУПА: Шведска, Русија, Словачка, Италија
ТРЕТА ГРУПА: Белорусија, Чешка, Црн Гора, Турција
ЧЕТВРТА ГРУПА: Словачка, Хрватска, БиХ, Грција