07.02.2022

Новите возбудувања продолжуваат утре, на игралиштето на ООУ „Видео Подгорец“ во Струмица, и ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

ФИБА проект „Her World, Her Rules“: Караванот продолжува во Струмица и Радовиш

„Her World, Her Rules“ е единствен проект кој го иницираше ФИБА Европа во партнерство со националните федерации со цел промоција на женската кошарка во Европа преку реализирање на разни кошаркарски активности. И има за цел да го поттикне психо-физичкиот развој кај најмладите девојчиња со заложба за обезбедување на квалитетно физичко воспитување преку кошарката.

Преку оваа кампања овозможуваме и перманентен и индивидуален професионален развој, изградување на етичките вредности, комуникацијата, соработката, тимската работа и почитување на другите.

Македонската кошаркарска федерација се вклучи во проектот на почетокот на ланската натпреварувачка сезона, кога посетивме повеќе од 15. градови низ нашата земја.

Проектот продолжи оваа есен, со истиот ентузијастички дух, а новите возбудувања продолжуваат утре, на кошаркарскиот терен на Општинското основно училиште „Видое Подгорец“во Струмица, како и во Општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.   

Во оваа втора сезона од проектот, ќе бидат опфатени 15 училишта низ целата територија на Македонија. А амбасадорите на „Her World, Her Rules“, Јелена Антиќ и Едина Муса во текот на школската година, ќе ги посетат: Гевгелија, Тетово, Неготино, Дебар, Кичево, Кочани, Делчево, Берово, Виница, Велес, Прилеп, и Свети Николе.

Добра забава за сите!