07.12.2021

Нашата машка „баскет“ селекција во овој момент е на 24.место во Европа

ФИБА РАНКИНГ ВО „3Х3“: Македонија е на 40 позиција во светот

Нашата најдобра национална селекција во „3Х3“ ќе ја заврши календарската 2021 година со едне сериозне напредок на ранкинг листата на ФИБА.

Одделот за „улична кошарка“ при Светската кошаркарска федерација потврди дека на истекот на годината, македонската машка рпрезентација во „3х3“ има собрано 393.714 поени, што во овој момент е доволно да биде на 40. место на светската рејтинг листа.

Уште подобар пласман нашите „баскетџии“ имаат во европски рамки затоа што според најновото бодување сме на сосема солидната 24. позиција во европската зона на ФИБА, што исто така е голем чекор напред во однос на претходното бодување на ФИБА во овој растечки кошаркарски сегмент како што е играта „три на три“.