09.03.2021

ФИБА го направи рангирањето на најдобрите екипи во најсилното натпреварување, Лигата на шампионите.

ФИБА РАНКИНГ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ: Вајли ја стави Сарагоса на третото место

Стандардно, по петти пат во оваа сезона, ФИБА го направи рангирањето на најдобрите екипи во најсилното натпреварување, Лигата на шампионите.

И не требаше да помине многу време, односно само едно коло од плеј-оф фазата за некои работи да станат уште појасни.

Односно кои екипи се во улога на фаворити за пласман на завршниот турнир, односно популарно наречениот „Фајнал Ејт“, планиран да се одржи во периодот од 5. до 9. мај, во место кое дополнително ќе биде одредено од страна на Светската кошаркарска федерација.

Она што е особено важно за нас е дека Џејкоб Вајли, донесе една нова, друга димензија во играта на шпанскиот претставник Касадемонт Сарагоса.

Според експертите, тимот од Сарагоса сега е рангиран на високата трета позиција кај фаворитите, односно екипите кои би требало да бидат дел од завршницата каде ќе се промовира новиот шампион во најквалитетното натпреварување на ФИБА.  

„Џејкоб Вајли сега ѝ дава на Сарагоса толку многу опции на двата краја на теренот. Таа победа во Сасари отвори цел нов свет на можности за шпанската екипа, уште едно патување до „Фајнал 8“ е веќе на дофат, особено по една таква „украдена“ победа во Италија ...Добри времиња за Касадемонт Сарагоса...“ – се вели во нивното објаснување за новиот ранкинг на 16.екипи учесници во плеј-оф сегментот.

Пред нив се само екипите на Турк Телеком од Анкара, у ште еден шпански тим – Тенерифе, кому му се предвидува да биде наследникот на Пабло Сан Бургос, бранителот на трофејот во ова натпреварување.

Но пред сите 16. екипи се уште пет кола од оваа фаза од натпреварувањето. Доволно за да ги реализираат своите амбиции, да бидат меѓу првите две пласирани во четирите натпреварувачки групи.

ТОП 10 ВО ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

1.Тенерифе

2.Турк Телеком

3.Касадемонт Сарагоса

4.Пинар Каршијака

5.Хапоел Холон

6.Нимбурк

7.Сан Пабло Бургос

8.АЕК

9.Нижњи Новгород

10.ВЕФ Рига