14.12.2022 Македонија е на 37 место во европското рангирање во женска младинска конкуренција Крајот на календарската 2022 година Светската кошаркарска федерација-ФИБА го искористи за сумирање на резултатите и во оние младински категории. Први на „дневен ред“ беа натпреварувањата во женскиот сегмент. А по „пресекот“ направен по завршувањето на јуниорското Светско првенство, нашите женски селекции се најдоа на 37 позиција во оној европски ранкинг-систем кој се применува од оваа календарска година. За резултатите остварени во текот на 2022 година, Македонија во овој момент има 123.8 бодови, што е напредување за четири позиции во однос на последното рангирање. На она светското, сме поставени на позицијата број 78 во вкупниот рејтинг.