18.12.2023

Во последното рангирање за 2023 година...

ФИБА РЕЈТИНГ: Женскиот сениорски тим на Македонија е на 33. место во Европа

Женската сениорска репрезентација на Македонија е на 33. место во рангирањето на ФИБА, последното за оваа календарска 2023 година.

Двата порази од Португалија и од Србија делуваа негативно на пласманот на онаа европска табела која ја креира Светската кошаркарска федерација.

Со 94.4 бодови, Македонија е поставена на 33. позиција во поредокот на ФИБА Европа. Што се однесува за нашите противници во европските-квалификации, Србија е на 4. позиција, Украина е доста поназад, односно на 18, а селекцијата на Португалија е на позицијата 22 во ова рангирање.

Лидер е Шпанија со вкупно 662.1 бодови, пред Белгија која има 654.6, додека третопласирана е селекцијата на Франција со 643.8 бода.

Гледано во светски рамки, Македонија е на 75. место во поредокот на ФИБА, каде водечка е селекцијата на САД со 834.6 бодови, пред Кина која има 687.1 и Австралија која собра 668.3 бода.