17.11.2020

„Треба да бидат горди, водеа на полувремето против Германија“ – анализира „специјалистот“ за европската женска кошарка, Пол Нилсен

ФИБА „РЕТРОСПЕКТИВА“ НА НОЕМВРИСКИОТ „ПРОЗОРЕЦ“: На Македонија и недостасуваше само резултат

Уште две кола од квалификациите за Евроабскетот 2021 година се одработени. За прв пат во малку поинакви услови, во т.н „балони“ кои беа реализирани во неколку градови.

Во Рига, се одиграа мечевите од две квалификациски групи, А во една од нив, групата „И“, настапуваше и нашата женска сениорска репрезентација.

И иако избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ впишаа нови два порази, тоа не му посмета на ФИБА аналитичарот, Пол Нилсен, да изнесе доста позитивни критики на сметка на она што девојките во црвено-жолта комбинација на дресот го покажаа на средбите со Хрватска и Германија.

Специјалистот за европската женска кошарка го потенцираше присуството на Девана Бонер и на Анџелика Митрашиновиќ:

„Присуството на големата ѕвезда на WNBA и Евролигата, Девана Бонер беше од огромно значење за оваа селекција. И иако нејзините крајни бројки во статистиката беа големи, таа ги немаше своите најдобри шутерски денови. Нормално дека е тешко во овие околности,  и селекцијата на Македонија може да биде горда што имаа водство против Германија на полувреме и ги мачеа пред да останат без ‘гориво’. Во голема мерка по заслуга на Анџелика Митрашиновиќ, која беше одлична“.