26.06.2020

Светската кошаркарска федерација е решена да ја исполни својата заложба за подобрување на сите аспекти на жените во кошарката

ФИБА со уште поголемо внимание кон жените-судии, ја поместува и возрасната граница кај судиите

ФИБА презема акција за да обезбеди зголемување на лиценцираните судии-жени на ФИБА ширум светот во новиот циклус на лиценцирање на службените лица на ФИБА во периодот од 2021 до 2023 година.

Како дел од стратешките цели за циклусот 2019-2023 година, Централниот одбор на ФИБА воведува мерки со кои што се овозможува дополнителна распределба на лиценците за судии-жени од секоја Национална федерација за период на лиценца од 2021 до 2023 година.

Очекувањата во ФИБА се дека ќе има пораст од 20-30% на бројот на судии со лиценца за жени.

Исто така ФИБА треба да додели дополнителни алокации за лиценца за кандидати за комесари за истиот лиценциран период, со приоритет за жени- кандидати.

ФИБА е решена да ја исполни својата заложба за подобрување на сите аспекти на жените во кошарката и ќе очекува не само зголемување на бројот и целокупниот квалитет на судиите-жени, туку ќе има и поголем обем на работа на врвните женски и машки натпреварувања.

Исто така, Централниот одбор на ФИБА ги одобри измените во внатрешната регулатива со кои им се овозможува на 50. годишните судии да продолжат во истата улога и по истекот на овој временски период.

Според овие измени, кандидатите мора да поседуваат црна или зелена лиценца. Мора да имаат постигнувано високи оценки за успешност во континуитет, според критериумите за проценка на ФИБА за главните официјални натпревари на ФИБА.

Продолжувањето на лиценцата може да важи до два периоди на лиценцирање, или вкупно четири години.

„Воведувањето на овие две мерки е многу позитивен чекор за нашите службени лица. Овој унифициран напор на ФИБА и Националните федерации не само што ќе создаде повеќе можности за развој на жени судии ширум светот, туку исто така ќе и овозможи на ФИБА да ги задржи своите најискусни судии кои достигнаа 50 годишна возраст“- потенцира Карл Јунгенбранд, „шеф“ на судиите на ФИБА.

„Тековните трендови покажуваат дека поискусните судии демонстрираат многу професионален пристап кон нивната физичка подготовка, како и на другите аспекти на службената должност и се од голема корист во однос на менторски програми и споделување на знаење“.