07.05.2020

На „You tube“ каналот, семинарите „во живо“ ќе ги пренесувaат најпoзнатите тренерски имиња од Европа и светот

ФИБА ТРЕНЕРСКА ONLINE КЛИНИКА: Во улога на предавачи Попович, Пешиќ, Скариоло...

Светската асоцијација на кошаркарски тренери нуди едно вистинско изненадување за секој тренер кој е подготвен да „влезе во главата“ на најголемите кошаркарски умови на денешницата.

Кој сака да ги слушне, да дознае тајни од најдобрите тренери во светот, за тоа ќе има добра прилика во наредните два месеци, односно два пати во текот на една седмица.

Проектот стартуваше со предавање на Еторе Месина, а денеска, од 14.часот, на „You tube“ каналот на ФИБА, он-лајн предавање ќе го одржи Грег Попович!

Трофејниот тренер на НБА лигашот Сан Антонио Спарс, и еден до најголемите стручњаци на сите времиња, ќе говори на темата „Основните системи на филозофија на Сан Антонио Спарс“.

Во истиот термин, се до 9. Јули, свои размислувања ќе презентираат и други славни тренерски имиња, како Светислав Пешиќ, Серџо Скариоло, Пабло Ласо, Џон Калипари, Рик Карлајл...

РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊАТА НА ФИБА

Денеска: Грег Попович

12. мај: Лукас Мондело

14. мај: Игор Кокошков

19. мај: Алисон Мекнил

21. мај: Рон Адамс

26. мај: Серџо Скариоло

28. мај: Брет Браун

2. јуни: Дон Шовалтер

4. јуни: Пабло Ласо

9. јуни: Светислав Пешиќ

11. јуни: Џон Калипари

16. јуни: Кени Аткинсон

18. јуни: Пол Хенаре

23. јуни: Џим Бојлен

25. јуни: Андреј Леманис

30. јуни: Патрик Мутомбо

2. јули: Патрик Хант

7. јули: Рик Карлајл

9. јули: Хуан Антонио Оренга