14.11.2024

Дуелот на нашата селекција против топ-фаворитот во групата „Х“ закажан за 21.ноември, е еден од ТОП 10 за гледање

ФИБА вели, Македонија-Литванија, „натпревар кој вреди да се види“

Македонија против Литванија, во обид да дојдеме до позитивен резултат кој ја носи нашата најдобра машка селекција уште еден чекор поблиску до пласман на наредниот Евробаскет, оној кој ќе се одржи во четири различни земји во 2025 година.

Закажан е за 21. номеври (четврток), е ќе се игра во салата на СРЦ „Кале “ во Скопје, со почеток од 18.часот.

А ФИБА го „номинираше“ како еден од десетте кој вреди да се погледнат во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ од квалификациите за место на Евробаскетот 2025.

На сајтот на светската кошаркарска федерација стои и тоа дека двете селекции го дочекуваат овој ноември со идентичен скор (1-1) во групата „Х“, со потсетување на оние незаборавни, за нас, моменти од Европското првенство од 2011 година, кога го победивме домаќинот на тој Евробаскет.

Ако Литванците загубат двапати до крајот на овој квалификациски циклус, како што се вели во најавата за овој натпревар во Скопје, извесно е дека може и да „влезат“ во ситуација во која беа и во претходните квалификации, кога некако ја „преживеаја“ Данска.

Од друга страна, по убедливиот февруарски триумф на гостински терен во Полска, нашиот национален тим е со активни шанси за продолжување на амбициите поврзани со уште еден настап на ЕП.