Долго време чекаа на една победа низ претходните три турнири во Скопје, Призрен и Софија. На крајот, нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 14“ години стигнаа до скалпот на еден од топ фаворитите за првото место во завршното рангирање од проектот „Заедно до М16“ години.
На турнирот во Плоешти, Македонија ја совлада Турција со резултат (68:61), со што ја потрвди добрата форма презентирана и на претходниот меч на овој собир во Романија, односно дуелот против селекцијата на Бугарија.
Љубен Ефтимовски и Жарко Терзиевски со по 12. реализации, односно Христијан Миленковиќ со 10. поени, беа творците на големата победа над фаворизираната селекција на Турција.
Претходно, во онаа пресметка од женскиот сегмент на турнирот во Плоешти, Турција славеше со сигурни (73:33).
Во текот на утрешниот ден, нашите селекции ги чекаат уште по два натпревари на турнирот во Плоешти. Од 10, односно од 12. часот, следуваат натпреварите против селекциите на Косово, додека настапот на собирот во овој романски град нашите млади кошаркар(к)и ќе го завршат со двомечот против домашата селекција – Романија.
Натпреварите се предвидени да се играат од 18, односно од 20.часот, по локално време.