По Турција, нашата селекција „Под 14“ години славеше победа и во натпреварот против нешто постарите „колеги“ од Косово.
МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 77:68
Одлично прво полувреме одигра нашите надежи на третиот натпревар на турнорирот во Полоешти. По релативно израмнетата прва четвртина, направивме двоцифрена предност во втората. И на истекот на 20. минути, имавме највисоки (40:29).
Ефтимовски со девет, и Ѓорѓевиќ со седум поени го предводеа нападот на нашата селекција „Под 14“ години, во првиот дел од играта во кој го натеравме противникот да има дури 16.загубени топки.
Во продолжението на играта, двете селекции „си разменија“ по една четвртина. Косово го доби третиот период со (22-18), за да намали на (51:56). Но затоа пак ние имавме подобар финиш, во кој ја одбранивме таа позитива и стигнавме до втората победа на собирот во Романија.
Ѓорѓевиќ стигна до 20. поени (имаше и осум скока), Цветковски дојде до 17, Ефтимовски дополни со уште 12, а Нешовиќ со 11.поени.
Нешто порано, во дуелот на женските селекции, Косово славеше победа од (63:22).
По кратко време за одмор, двете наши селекции вечерва ќе го завршат својот престој со натпреварите против домашната селекција на Романија.