Националните селекции на Македонија за кошаркар(к)и „Под 14“ години, со порази го почнаа турнирот кој е дел од проектот „Заедно д М16“ кој стартуваше денеска во романскиот Плоешти.
Машката селекција одигра изедначен меч против нешто постарите колеги од Бугарија. Но на крајот сепак запиша пораз со резултат 64:72.
Ѓорѓи Цветковски со 16.поени и 6. скока беше најдобриот во нашата селекција.
Пораз, и тоа убедлив од 15:87 запишa и нашата женска селекција, исто така во дуел со „Под 15“ селекцијата на Бугарија.
Утре, претпладне, од 10, односно во 12. часот, по локално време, нашите две селекции ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Турција.