30.05.2022

Во еден ден, по два натпревари одиграа нашите селекции „Под 14“ години на турниот во Плоешти.

FIBA YDF FUND ТУРНИР – ПЛОЕШТИ 2022: Порази од домаќините за крај на престојот во Романија

По успешниот нaстап во утринската програма на последниот натптеварувачки ден на турнирот во Плошети, нашата машка селекција го заврши престојот во овој романски град со пораз, и тоа од селекцијата на домаќинот, Романија.

По релативно израмнетото прво полувреме, Романците доминираа во третиот период, кој на крајот се покажа и како решавачки за конечниот скор. Славеа домаќините со убедливи (107:71).

Ѓорѓевиќ реализираше 15.поени, плус и 6. скока. по 11 поени имаа Ефтимовски и Миленковиќ, додека Цветковски даде еден помалку за нашиот национален тим „Под 14“ години на овој последен меч од турнирот во Плоешти. 

Нешто порано двете национални селекции ги одмерија силите и во женскиот сегмент на турнирот во Плоешти. Романките беа многу подобри, славеа триумф (76:8), како потврда на фактот дека се една од најквалитетните селекции низ турнирите од овој проект насловен како „Заедно до М16“, кој својата завршница ќе ја има во Турција.

На овој собир во Плоешти, машката селекција запиша половичен скор од две обеид и два пораз, што е најдоброто остварување на четирите одиграни турнири од проектот во Скопје, Призрен, Софија и Плоешти.