На вториот ден од турнирот во Скопје, Македонските млади кошаркари одиграа доста израмнет натпревар против врсниците од Бугарија. Но имавме пеколен финиш, одлична последна четвртина која не донесе до првиот успех на турнирот во Скопје.
МАКЕДОНИЈА (У14-М) – БУГАРИЈА (У14-М) 94:76
Израмнето беше првото полувреме од дуелот во СРЦ „Кале“. Нажите надежи испуштија убаво водство кое го имаа на почетокот на втората четвртина. Водеа со сосема солидни (25:19). Но му дозволија на противникот да се разигра. Да реализира доста „лесни поени“, и да го преземе водството.
Источните соседи поведоа во 14.минута (31:29). Нерешено беше четири минути подоцна (34:34). Ист беше резултатот (36:36), а водевме одново (41:38) на две минути пред големиот одмор. Период во кој Бугарија и поведе со (47:43), пред Ефтимов да погоди за (45:47).
Ништо не се промени на теренот и по паузата. Двете екипи се менуваа во водството, ниту една не направи некоја поголема позитива. Така беше и по крајот на 30.минута. Гостите имаа „пола кош“ предност (66:65), па беше јасно дека ќе решаваат последните десет.
Во првите четири, дојдовме до сосема солидни, и највисоки (76:68). Ефтимов, со тројка, ја продолжи серијата на (14-2), за уште повисоки (79:68).
Бугарија подобра во женска конкуренција
Пред натпреварот во машка, во СРЦ „Кале“ се одигра и оној во женска конкуренција. Младите кошаркарки на Бугарија славеа убедлив триумф од (83:42), против избраничките на селекторот Јасмина Герасимовска Николиќ.
МАКЕДОНИЈА (У14-Ж) - БУГАРИЈА (У14-Ж) 42:83
Од самиот почеток на мечот, гостинките направија двоцифрена предност (17:7), која до полувремето ја претворија во уште повисоки (43:17), кога стана јасно дека ќе слават победа.
Во третото коло кое е на програмата во сабота, младите македонски кошаркарки ќе ги одмерат силите и против соодветната селекција на Романија. Натпреварот е закажан за 15. часот, во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Два часа подоцна, од 17.часот, е пресметката во машкиот сегмент во која ќе играат двете национални селекции „Под 14“ години,